Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против Н.С.(32) од селото Средорече, општина Дебрца, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Кражба“. Против него, ќе биде поднесена и кривична пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Пријавениот, во периодот од 14-ти до 30-ти март, годинава, преку помошна просторија, влегол во домот на лице од Охрид, при што од таванот одзел една бојна пушка М-48, калибар 7,9 милиметри и пет куршуми.
При претрес извршен по наредба на истражен судија, полициските службеници во домот на Н.С. проншле пушка М-48. Дополнително, пронајдени се и една ловна пушка „Текче“ руско производство, калибар 12 милиметри, една воздушна пушка „Камо“ калибар 4,5 милиметри од шпанско производство, како и еден гасен пишто од германско производство, калибар 8 милиметри, со три испукани чаури.
Гасниот пиштол, без соодветна дозвола го поседувалС.С.(25) брат на пријавениот, против кого СВР Охрид ќе поднесе прекршочна пријава. Пронајденото оружје, кое е без соодветна документација, е одземено и предадено на вештачење.
Секторот за внатрешни работи Охрид презема дополнителни мерки за целосно расветлување на овој настан.
ЈП „Охридски Комуналец” денес го одбележа својот патронен празник „7-ми Ноември” Пред присутните вработени, градоначланикот на општина Охрид Кирил Пецаков, пратеници во Собранието, дире...
Во финална фаза на имплементација е најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со среднонапонска и високонапонска мрежа, со што значително ќе се унапреди дигиталната трансформација и си...
Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 11:40 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците во село Пештани, информираат од ЈП Водовод Охрид Посочуваат дека екипи на претпријатието...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.