СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Ц. (37) од Охрид, за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Во јули и август 2011 година во Охрид, пријавениот без да поседува соодветно одобрение од Секторот за урбанизам и заштита на животната средина од Охрид и без да регистрира фирма, на државно земјиште, бесправно,  обавувал угостителска дејност, при што во централното градско подрачје поставил монтажен шанк и чадори за сонце.

OhridNews