СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.А. (21) и А.Б. (22), двајцата од Тетово, за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

Во јули 2011 година, во Охрид, на паркингот во авто-кампот Градиште, во возило, сопственост на А.Б.,  пријавените биле затекнати како користат наркотична дрога. При извршен претрес над П.А., пронајдени и одземени се 3,47 грама наркотична дрога „марихуана“ и 0,3 грама мешавина од „тутун“ и „марихуана“.

OhridNews