Струшката Полициска станица поднесе кривична пријава против И.А. (42) од село Октиси, управител на друштвото „АКВО-ОКТ“ кое менаџира со системот за водоснадбување во Октиси за сторени кривични дела „фалсификување или уништување на деловни книги“ и „даночно затајување“.

Пријавениот не изготвувал фактури за потрошената вода на домаќинставата во село Октиси, туку само издавал сметко-потврди за наплатените средства, а ги уплаќал директно на жиро сметката, при што на пресметаниот приход не платил данок на додадена вредност во износ од 51.929 денари на штета на Буџетот на РМ.

OhridNews