
Г.К. во договор со М.С., лажно прикажале дека во периодот од 26-ти март до 30-ти јуни 2010 година, Г.К. бил на годишен одмор, за што од страна на М.С. биле изготвени две решенија, а во книгата за редовност за секој ден од спорниот период внела податоци дека Г.К. користи одмор, иако знаеле дека во наведениот период истиот во КПД „Струга“ издржувал казна затвор во траење од четири месеци.
На овој начин, на Г.К. му биле исплатени плата и придонеси од социјално осигурување, оштетувајќи го Буџетот на РМ за износ од 167.939 денари.












