Поради основано сомнение дека е сторител на едно кривично дело” Несовесно работење во службата” Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против лицето И.П. роден 1963 година од Охрид- Судија од Основниот суд во Охрид. Со  поднесената кривична пријава, се опфатени и лицата М.Ќ. роден 1960 година од Струга управител на градежната фирма ,,Трим,, и О.С. роден 1964 година од Охрид за постоење основано сомнение дека сториле едно кривично дело ,,Поттикнување на несовесно работење,,.
   
Пријавениот И.П. во својство на службено лице Судија во Основниот суд во Охрид, на ден 01.12. 2008 година, со свесна повреда и спротивно на законските одредби од Законот за парнична постапка, заверил судска спогодба за физичка делба на недвижен имот и истиот ден, без уредна достава до страните во постапката, закажал јавна расправа во која била прифатена предложената судска спогодба од страна на второпријавениот М.Ќ. од Струга.

Прво пријавениот И.П. спротивно на законските одредби од Законот за парнична постапка, без да поседуваат специјално полномошно за судско порамнување и без да имаат својство на роднини од прва линија, како противници, ги прифатил во постапката второ и трето пријавените. Во постапката, третопријавениот О.С. од Ох- рид, како нелегален застапник на едната страна, во нивно име дал изјава дека немаат никакви побарувања  за недвижниот имот. Тоа го направил во корист на второ пријавениот.

Поради тоа, постои сомнение дека е предизвикана значителна имотна корист за градежната фирма ,,Трим,, сопственост на второпријавениот М.Ќ. од Струга искажана во 556,86 метри квадратни метри стамбено-деловен простор на Булеварот ,,Туристичка,, со просечна пазарна вредност од 389.800 евра, соопшти СВР Охрид.

извор: СВР Охрид

Ohridnews