До Скопското јавно обвинителство поднесена е кривична пријава против тројца обвинители од специјалното обвинителство на Катица Јанева и неколку непознати, за кривично дело малтретирање во вршење во службата казниво по член 143 од Кривичниот закон, јавува „Телма“.
Против едно лице, односно полицаец, поднесена е кривична пријава во Обвинителството за организиран криминал заради незаконско влијание врз сведоци.
Кривичните пријави се процесуирани кај обвинителите кои ќе работата на овие случаи, но при тоа од Обвинителството не го откриваат идентитетот на подносителот на пријавите, само велат дека станува збор за физичко лице.
Неофицијално подносителот на пријавата бил малтретиран од непознати кои му се претставувале како истражители во Специјалното обвинителство, но и му се заканувале.
Пред четири дена тимот на обвинители на Јанева се намали за двајца откако Лајла Кадриу и Марија Ѓоревска таа ги врати во матичните обвинителства. Јанева тврдеше дека 10 обвинители се доволно.
Во понеделник таа пред Советот на обвинители треба да образложи дали е направен записник при примањето на материјалите од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
OhridNews
извор:„Телма“