Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Здружение за екологија лов и риболов од струшкото село Збажди и против 67-годишното овластено лице од истото село.
На 27-ми февруари 2015 година од страна на Управата за јавни приходи била извршена контрола на персоналниот данок на доход од плати и други основи во периодот од 01.01.2011 до 31.12.2013 година во здружението, при што е утврден неплатен данок на доход во износ 20.870 денари и камата од 4.482 денари.
Пријавените неуредно и неточно ги воделе деловните книги и евиденции, не внесувале податоци за остварениот промет, а исто така надоместокот од издадените дневни дозволи за лов како промет не го евидентирале и не го уплаќале на жиро сметка.
OhridNews