Полицијата поднесе кривична пријава против 50-годишен жител на с.Велешта поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Како штои информира МВР, пријавениот како инвеститор започнал градба на станбено-деловен објект на ул.„Туристичка“ во катастарска општина Струга. Од страна на градежен инспектор од Општина Струга на 28.12.2016 година бил извршен инспекциски надзор, при што е утврдено дека објектот е во фаза на изградена градежна конструкција на подрум со бетонирана темелна плоча, ѕидови и плоча на приземјето, спротивно на основниот проект за градење на објект.

Од страна на градежниот инспектор изготвен е записник и донесено е решение за прекинување на градбата, соопшто МВР.

OhridNews