СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишно лице од охридското село Коњско, вработен во охридската болница кој ограби почината жена, за што OhridNews ексклузивно пишуваше по случувањето на грабежот.
Вработен како болничар, на 5-ти септември, околу 11.25 часот во Интерното одделение, откако била констатирана смрт на 81-годишна жена од Охрид, пријавениот одзел пар златни обетки и златен прстен. Истиот ден околу 14.30 часот, истиот во златара ги понудил на продажба обетките и прстенот, на вработена која била внука на оштетената и го препознала накитот.
Лицето се сомничи за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „злоупотреба на службена положба и овластување”.
OhridNews












