Поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Противправно лишување од слобода““, секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава  против две лица од Охрид. Пријавата, против  едното лице се однесува и за кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

На 28-ми минатиот месец, пријавените противправно му ја ограничиле слободата на движење на 34- годишно лице од селото Долно Лакочереј и присилно го ставиле во нивното патничко моторно возило марка „Алфа Ромео“ по што на патот кон селото Орман физички го нападнале барајќи му 10 грама опојна дрога хероин. Во близина на резервоарот кај селото, притворените на оштетениот со пластифициран конец му ги врзале рацете за метален столб и физички го нападнале, упатувајќи ми сериозни закани по неговиот живот.На враќање кон возилото, оштетениот го искористил моментот на невнимание на пријавените и успеал да побегне.

При претрес во домот на првопријавениот пронајдени се 20 грама марихуана како и други предмети кои се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.  

Инаку, пријавените  се лица познати на службата како извршител на вакви и други казнени дела против кои и досега биле поднесувани пријави  по слични и други основи.

OhridNews