СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид на возраст од 18 и 19 години, за сторени кривични дела „овозможување на употреба наркотични дроги“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Во август 2011 година во стан во Охрид, од страна на полициски службеници се затекнати пријавените во друштво со уште две лица од Охрид како употребуваат дрога која ја донел еден од пријавените, а при претрес во станот биле пронајдени 7,5 грама „марихуана“, 0,6 грама семки од растението „канабис сатива“ и три отпушоци од рачно изработени цигари, во кои биле пронајдени траги од мешавина од тутун и марихуана.

OhridNews
извор: МВР