Полициската станица- Струга поднесе кривична пријава против две лица за сторено кривично дело „кражба“.

На 24- ти ноември , во село Горно Татеши, струшко, извршен е претрес на семејната куќа на едно од лицата, каде се пронајдени два кубни метри огревно дрво даб, за кои немал соодветна документација. Од извршен разговор со синот утврдено е дека другото лице наводно предходно, по грешка, исекол дрва од парцелата на првопријавениот, а како извинување ги донел пронајдените дрва во нивниот двор.

OhridNews