
Во населбата „Св. Стефан“ во Охрид, при извршен преглед кај лицето од Скопје пронајдени и запленети биле 1,83 грама марихуана.
Додека пак, кривична пријава против охриѓанецот е поднесена поради тоа што при претрес во неговиот дом на ул. „Војдан Чернодрински“ пронајдени биле пет опушоци од рачно изработени цигари на мешавина од марихуана и тутун, како и остатоци од марихуана. Пријавениот во неговиот дом им овозможувал на други лица да користат марихуана.
OhridNews











