Поради постоење на основано сомнение за сторено казнено дело “Злоупотреба на службена положба и овластување“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 48- годишно лице од струшкото село Радолишта.
– Пријавениот, во текот на 2009 година, во својство на одговорно лице раководител на работната единица „Колектор“ овозможил продажба на старо железо при што на Јавното претпријатие „Проаква“ му нанел штета во износ од 1.051.500 денари. Противправната постапка ја направил иако знаел дека за ваквите продажби треба да формира посебна комисија, да објави тендер но и да има предходна одлука од Управниот Одбор на претпријатието, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Пријавениот искористувајќи ја својата службена положба и овластување, во текот на јануари 2009 година, овозможил од работната единица „Колектор“ утовар на старо железо со извесен состав на бакар во вкупна тежина од 44.040 килограми.
За товареното старо железо, Јавното претпријатие „Проаква“ наплатило износ од 59.500 денари со истовремено книжење на фактурата и изводот по што книговодствено случајот бил затворен.
OhridNews