Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Злоупотреба на службена положба и овластување “СВР Охрид поднесе кривична пријава против 58- годишно лице, извршител именуван за подрачјето на Основните судови Охрид, Струга и Дебар.   

Пријавениот, искористувајќи ја својата положба, извршил пречекорување на границите на своето службено овластување и спротивно на донесено решение од Основниот суд во Охрид,  бесправно презел извршни дејствија за насилно отворање на врата, влегување, прибирање на податоци за проценка и заменување на оштетена брава со нова, во стан во населбата „Расадник“.  Тоа го направил постапувајќи по предмет по барање  од доверителот АД за изградба и стопанисување со стамбен и деловен простор од значење за Република Македонија против должникот .   

Такви извршни дејствија, пријавениот извршител планирал да преземе и во три други станови во зграда 1 во населбата „Расадник“ иако уредно бил запознаен дека за сите четири станови, Основниот суд во Охрид донел решение за времена мерка на доверителот АД за изградба и стопанисување со стамбен и деловен простор од значење за Република Македонија, за забрана на преземање на натамошни дејствија за проценка, оттуѓување и продажба на четирите стана.