Поради постоење основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела „Лихварство“, „Грабнување“, „Предизвикување општа опасност“ и „Недозволено изработување,држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга, против 48- жител на Велешта и неговите тројца синови на возраст од 19, 21 и 25 години поднесе кривична пријава. На такотото и еден од синовите истражен судија, им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Како што информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, на 28-ми минатиот месец во телефонски разговор, таткото од лице од Струга побарал да му исплати паричен долг од 8000,оо евра притоа упатувајќи му сериозни закани кон него и неговото семејство. Откако добил одговор дека паричниот долг изнесува 3000,оо евра, сега притворениот околу 17 часот по претходен договор со неговите синови отишле во домот на стружанецот на каде физички ги нападнале неговите родители барајќи им пари.
Пријавените, потоа се обиделе во нивните патнички моторни возила насилно да ги внесат двајцата сопружници но поради нивното спротивставување не успеале во намерата. Со цел да ги заплашат, пријавените извадиле пиштоли што нелегално ги поседувале и испукале повеќе куршуми.
Во месец февруари оваа година, првопријавениот и оштетениот потпишале фиктивни договори за заем на парични средства. Според договорот струшанецот позајмил од лицето од Велешта 15000,оо евра и патничко возило во вредност од 25000,оо евра за што му исплаќал незаконита камата (лихва) во износ од 800,оо евра месечно. Исплатата траела се до месец јуни оваа година кога оштетениот на пријавениот му исплатил 5500,оо евра. Во октомври во две одвоени средби тој исплатил по 10000,оо евра а подоцна и патничко возило марка „БМВ“ во вредност од 12000,оо евра.
Инаку 48годишниот жител на Велешта кој сега се во притвор бил познат на полицијата и против него и досега, по разни основи биле поднесувани кривични пријави.
OhridNews