Поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривичното дело  „Тешка кражба „ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против  М.М. (25) од струшкото село Радолишта. Од страна на Истражен Судија при основниот Суд во Струга, на М.М.   одредена му е мерка притвор во траење до 30 дена.


На 29-ти минатиот месец, М.М. со намера да го изврши кривичното дело, набавил подесен алат со кој насилно влегол во продавницата „Биг Бег„ во струшкиот безистен. Оштетувајќи ги пултот и витрините во продавницата, тој  противправно одзел 145 рачно изработени женски прстени „Сваровски„, 33 рачно изработени ланчина во различна големина, 16 бразлетни, 4 сребрени комплети од прстени, обетки и привезок, над 50 пара сребрени обетки  и 16 сребрени привезоци, сите рачна изработка од марката „Сваровски„ со што предизвикал материјална штета од 250.ооо денари.


Притворениот М.М. е познат како сторител на повеќе други кривични дела „Тешка кражба„ за што му биле поднесувани кривични пријави. 

OhridNews