Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 20-годишно лице од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување општа опасност”.

На 12-ти март, во Казнено поправната установа Затвор Охрид, во просторијата во која пријавениот издржувал мерка самица, истиот најверојатно со цигара намерно запалил кебиња и јоргани. Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната противпожарна единица.

OhridNews