Поради основано сомнение дека сториле едно кривично дело „Насилство“ Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против лицата Г.О. роден 1992 година Б.К. роден 1992 година и С.В. роден 1993 година, ученици во втора година во училиштето за средно образование „Ибрахим Темо“ во Струга.
На ден 27.03.2009 година, трите пријавени лица жители на селото Велешта, околу 12 часот, по завршувањето на часовите, извршиле физички напад врз три други лица нивни соученици удирајки ги со тупаници и метални предмети. Притоа, лицето А.С. од Струга се здобил со тешки телесни повреди односно со фрактура на носната коска. Истиот е пренесен во Медицинскиот центар во Струга а потоа во болницата ,,Св.Еразмо,, во Охрид каде е задржан на понатамошно лекување.
Во нападот врз оштетените, се вклучиле и повеќе други ученици кои биле во групата на пријавените при што со метална шипка во пределот на главата бил удрен второпријавениот кај кого се констатирани лесни телесни повреди. Со лесни телесни повреди се здобил и Б.П. ученик во истото училиште.
Со цел расветлување на случајот, во ПС Струга на разговор, повикани се вкупно 24 лица ученици во училиштето како и уште други 9 лица. Полициските службеници преземаат дополнителни мерки за инволвираноста на другите ученици во овој настан, по што ке бидат поднесени прекршочни пријави.