Поради основано сомнение дека сторил едно кривично дело “Злоупотреба на службена положба и овластување “и едно кривично дело “Неизвршување судска одлука”,Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против лицето В.С. роден 1954 година од Охрид.

Пријавениот, во текот на месец Октомври 2008 година, во својство на службено лице-извршител именуван за подрачјето на Основен суд Охрид, Струга и Дебар, не донел заклучок за продажба на недвижен имот-хотел ,,Застава,, и 18 434 метри квадратни земјиште во населбата ,,Св.Стефан,, во кој ке наведе дека објектот и земјиштето се продава со јавно наддавање, не ги навел начинот и условите    за    продажба,времето    и    местото на продажба,идентификација на имотот и почетната цена на наддавањето. Тој, заклучокот не го објавил во дневниот печат туку изготвил интерна службена белешка,и во еден дневен весник, објавил соопштение без да ги наведе потребните податоци.    На ден 16.10.2008 година, спротивно на Законот за извршување, иако го знаел законскиот рок за поминати 15 до 30 дена од денот на објавување на заклучокот во дневниот печат до денот на продажба, со намера да му овозможи корист на, дотогаш единствениот понудувач-приватна фирма од Охрид,  пријавениот спровел незаконита постапка и истиот ден го продал хотелот и земјиштето за сума од 77.086.760,оо денари  без да им даде право на други заинтересирани понудувачи во законита постапка да учествуваат во купо-продажбата на имотот. Тој,  продажбата на имотот ја спровел и покрај тоа што примил решение од Основниот суд во Охрид со утврдени неправилности при спроведувањето на постапката со кое, вон сила се става купо-продажбата на хотелот и земјиштето, соопшти СВР Охрид.

извор: СВР Охрид