Секторот за внатрешни работи Охрид, против лицата С.Ц. роден 1970 година од селото Лескоец и Т.Т. роден 1965 година од селото Долно Лакочереј, поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека сториле по едно кривично дело „Кражба“.

Првопријавениот, во текот на месец март 2009 година, со цел да прибави против правна имотна корист, извршил ископ на минерална суровина односно градежен чакал за тампонирање кое  е добро од општ интерес сопственост на Република Македонија.    Ископот, го вршел со помош на работна машина сопственост од второ пријавениот, на имот северо- источно  од црквата ,,Св.Тома“ која според Катастарските евиденции е сопственост на Република Македонија.

Пријавениот С.Ц., ископаниот чакал, со специјална  работна машина, го товарел во товарни возила, и без никаква докуменација го превезувал кон трето лице со цел против-правно да го продаде. Само во месец март, неовластено ископал вкупно 116 метри кубни чакал со што предизвикал штета на државата Република Македонија и стекнал против-правна имотна корист од околу 30.ооо денари.

Второ пријавениот Т.Т. пред скоро две години, на посоченото место, го поставил својот багер од каде повремено, односно по потреба вршел ископ на чакал и истиот го продавал. На тој начин, само во текот на месец март, неовластено ископал вкупно 100 метри кубни чакал, стекнувајќи се со против-правна имотна корист од 25.ооо денари, соопшти СВР Охрид.

извор: СВР Охрид

Ohridnews