Прилепската Полициска станица поднесе кривична пријава против Г.П. (35) од Охрид за сторено кривично дело „измама“.

Во јуни 2010 година, пријавениот откако на веб страницата „Пазар 3“ објавил оглас за посредување при добивање на иселеничка виза, довел во заблуда едно лице од Прилеп да уплати на негова сметка 20.000 денари со цел да му посредува.

По уплатата на парите Г. П. повеќе не одговарал на телефонските повици.

OhridNews