СВР Охрид поднесе кривична пријава против 76- годишен охриѓанец за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“.
Во јули годинава, во куќите на пријавениот биле извршени претреси, при што биле пронајдени 17,79 грама наркотична дрога марохуана и 0,37 грама семенски материјал од растението „канабис сатива“. При тоа, било утврдено и дека пријавениот во повеќе наврати на 32 годишно женско лице овозможил да употребува наркотична дрога- марихуана.












