СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27- годишен охриѓанец за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а заедно со уште едно лице се пријавени и за „овозможување на употреба наркотични дроги“.

Во јуни 2011 година во Охрид, пријавениот на 21- годишно лице од Охрид му продал 0,25 грама наркотична дрога „хероин“ за износ од 500 денари. При извршен претрес во станот на пријавениот пронајдени се 0,5 грама наркотична дрога „хероин, а заедно со 37-годишно лице од Охрид бил затекнат како употребува дрога.

OhridNews