Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишно лице од Охрид.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, пријавениот, казненото дело го сторил на 30-ти мај оваа година во 14 часот и 45 минути во Специјална болница „Свети Еразмо” во Охрид. Тој, на висок тон упатил вербални навреди кон  вработен портир во болницата, кој во моментот бил на своето работно место и ги извршувал работните задачи. Во еден момент пријавениот физички го нападнал портирот, со двете раце го фатил за вратот и силно го притискал а потоа му задал повеќе удари со тупаници во пределот на градниот кош нанесувајки му повеќе телесни повреди. По извршениот физички напад пријавениот веднаш заминал од местото на настанот.

OhridNews