Поради основано сомнение дека сторил едно кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување “Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против лицето Б.П. роден 1959 година од Охрид. Пријавениот, во текот на 2007 и 2008 година, како Директор на Јавното претпри- јатие „Охридски комуналец“, постапил спротивно на Законот за јавни набавки и во шест наврати, на правното лице ЕТП „Електротехна“ од Пештани му овозможил набавка на споменици и материјали за споменци за потребите на ЈП „Комуналец“. Пријавениот, тоа го направил и покрај тоа што, понудата на „Електротехна“ била претходно одбиена односно воопшто не била рангирана со што на ова правно лице а на штета на ЈП „Комуналец“ му овозможил стекннување со против-правна имотна корист од 1.635.642 денари.
Во текот на Април 2007 година, Комисијата за јавни набавки при ЈП„Охридски комуналец“објавила јавен повик за набавка на разни типови и модели споменици, на кој, покрај „Електротехна“ се пријавиле и две други правни лица. По јавното отварање на трите пристигнати понуди, Комисијата констатирала дека понудата на „Електротехна“ не е во согласност со бараната Спецификација од објавениот отворен повик по што истата била одбиена поради несоодветност и драстично повисоки цени од останатите две понуди.
Пријавениот, со избраните фирми на тендерот, склучил договори за набавка на соодветните материјали. По поднесениот приговор од страна на „Електро- техна“ Комисијата за јавни набавки одговорила дека ја прифаќа понудата само за еден вид материјали. Тој одговор имал само советодавно мислење но не и целосно прифаќање на нејзината понуда. И покрај тоа, пријавениот не го прифатил таквото формално-правно мислење и дозволил „Електротехна,“да набави споменици и материјали за кои како добавувач, била избрана друга фирма-понудувач, соопшти СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид












