Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 63-годишен охриѓанец за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност”.

– На 2-ри февруари во Охрид во куќата каде пријавениот престојувал под кирија, истиот поради невешто користење на електричниот шпорет, предизвикал пожар, што ги зафатил предметите од покуќнината и покривот, велат од МВР.

Во пожарот изгореа една соба и дел од покривот на куќата. Повредено беше лицето кое единствено беше во куќата кога настана пожарот, кое се здоби со изгореници на главата, кои не беа животозагрозувачки.

OhridNews