Од страна на Царинската управа до Основното јавно обвинителство во Охрид поднесена е кривична пријава против правно лице од Охрид и одговорното, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело- повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма.
Во царинската испостава Охрид, за потребите на пријавеното правно лице, со една увозна царинска декларација била пријавена разна стока со вкупна количина од 768 колети со потекло од Турција.
По извршениот преглед на декларираната стока за увозно царинење, од страна на царинските службеници биле пронајдени: 130 парчиња торби, 450 парчиња маици и 270 парчиња детски комплети, сите со ознаки на заштитени трговски марки.
OhridNews