СВР Охрид поднесе кривична пријава против претседател на Здружение на инвалидски пензионери од Охрид, за сторени продолжени кривични дела „поднесување лажни докази“ и „давање лажен исказ“ и против непознато лице, вработено во Агенцијата за катастар на недвижности, за „несовесно работење во службата“.

Во текот на 2007 година, по барање на пријавениот, непознато лице, вработено во катастарот изготвило Уверение за движење на имот, во кое внел податоци без истите да се проверат во законска постапка и го заверил со свој потпис и печат.

По ова пријавениот го употребил уверението во Основниот Суд Охрид, каде се водела постапка против Здружението на пензионери на Охрид и Дебарца, а дал и лажни искази врз основа на што судот донел пресуда во корист на Здружението, овозможувајќи Здружението да се стекне со противправна имотна корист од 1.858.850 денари.

Ohridnews