Полициската станица во Прилеп поднесе кривична пријава против 42- годишна прилепчанка , основач и претседател на Здружение за развој и унапредување на земјоделско и тутунопроизводство  и против наведеното Здружение за сторено кривично дело „измама“.

 Во периодот од септември до декември 2012 година, пријавената иако знаела дека Здружението од самото основање не располага со имот и парични средства, со лажно прикажување довела во заблуда седум сопственици на фирми во Прилеп и Струга, барајќи од истите угостителски услуги, компјутерска опрема, автобуски и такси превоз во вкупен износ од 394.000 денари, со ветување дека услугите ќе бидат платени во најкраток рок на фактура од страна на Здружението.

Откако паричниот износ во ветениот рок не бил платен, сопствениците се обиделе да стапат во контакт со пријавената, по што случајот го пријавиле во полиција.

OhridNews