Во текот на 2006 и 2007 година, пријавениот како референт за набавки во ЈП „Охридски комуналец“-Охрид, учествувал во изработка на тендерска документација и спецификацијата за делови на возила, при што набавувал резервни делови со повисоки цени од понуденото што ги немало во изработената спецификација.
На овој начин, пријавениот го оштетил ЈП „Охридски комуналец“ за 601.058 денари, а на „Аутодизел“ му овозможил имотна корист од 473.227 денари.