Струшката Полициска станица поднесе кривична пријава против А.И. (27) од Струга, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Во декември 2010 година, во Струга извршен е претрес во куќата на пријавениот каде се пронаједени и одземени 206,33 грама наркотична дрога „марихуана“.












