Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „Оштетување туѓи предмети“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против  24-годишна девојка од Струга.

Пријавената, на 30-ти минатиот месец, извршила оштетување на спомен куќата на македонскиот револуционер Христо Узунов лоцирана на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, што претставува македонско културно наследство и културно-историски споменик заштитен со закон од 1950 година. Настанот се случил околу 01 часот, кога пријавената без повод и причина, со спреј испишала недоличен и навредлив графит, по што се обидела да избега од местото. Испишувањето го забележал овластен работник за обезбедување кој ја повикал пријавената во службените простории, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Од СВР Охрид, во консултација и насоки од Јавниот обвинител, ги презеле сите мерки за целосно документирање и расветлување на казнено правниот настан. Извршен е разговор со пријавената, а на лице место, спроведен е криминалистичко-технички увид, одземање на спрејот со кој е извршено оштетувањето на спомен куќата, а потоа и вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

OhridNews