Струшката полициска станица поднесе кривична пријава против 47- годишно лице од Велешта и неговиот син за сторени кривични дела „изнуда“ и „лихварство“.

Во март 2012 година, лице од Струга од другиот син на првопријавениот , позајмил парични средства во износ од 4.000 евра со договорена камата од 15% месечно, по што стружанецот за период од два месеци ги  вратил парите во висина од 8.800 евра.

Во меѓувреме, синот од кој биле позајмени парите, загинал во сообраќајна незгода, а за подмирениот долг не бил потпишан никаков документ.

Таткото и синот неколку месеци по ред , со сериозни закани по животот барале стружанецот да им исплати 11.000 евра, по што случајот бил пријавен во полиција.

OhridNews