Полициската станица во Струга поднесе кривична пријава против Љ.З. (41) од село Радолишта-струшко, управител на ученички дом „Браќа Миладиновци“ Струга, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во текот на јули 2008 година, откако спортска екипа  со 36 лица престојувале седум дена во домот, трошоците  во износ од 2.520 евра пријавениот ги наплатил во готово и не ги евидентирал во книговодствената евиденција, соопшти МВР.

OhridNews