ОВР Струга поднесе кривична пријава против 69 и 40-годишни лица двајцата од Струга како и против 57-годишно лице од струшкото село Поум поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавениот 69-годишен, поранешен градоначалник на општина Струга, за време на мандатот ја искористил својата службена положба и овластување на тој начин што со пропуштање на должен надзор постапил спротивно на Законот за градење и противправно потпишал одобрение за градење на катастарска парцела во струшкото село Мислешево, посочуваат од СВР Охрид.

Второ и третопријавениот, додаваат, од позиција на советник во Секторот за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животна средина и помошник раководител на истиот сектор, претходно незаконски го изготвиле одобрението и врз основа на некомплетна документација, без приложен идеен проект, одобрението било издадено спротивно на Законот за градење.

OhridNews