Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Изнуда“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 30-годишно лице од струшкото село Мислешево.
Пријавениот, казненото дело го извршил на единаесетти овој месец околу 13 часот, на паркинг во централното градско подрачје. Како што информираат од СВР Охрид, лицето требало да се сретне со жител на селото Подгорци, со кого претходно, лажно претставувајќи му се, остварил телефонски контакт заради склучување договор за купување патничко моторно возило од Италија.
„Во моментот на нивната средба, 30-годишниот жител на Мислешево извршил физички напад врз лице од Подгорци, удирајќи го со тупаници во пределот на главата, влечејќи го кон езерото и упатувајќи закани, му одзел една патна исправа, 10 евра и 150 денари. Потоа, пријавениот од лицето побарало да му даде 1000 евра долг од претходен судски спор.“ – информираат од СВР Охрид.
При лекарски преглед во општата болница во Струга, кај лицето од цело Подгорци констатирани се лесни телесни повреди, а пријавениот, по консултација со јавен обвинител, веднаш е повикан во полициската станица во Струга.
OhridNews