СВР Охрид поднесе кривична пријава против двајца 18- годишни охриѓани за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 26- ти октомври , околу 1 часот, во Охрид на ул. „Коста Абраш“ првопријавениот физички нападнал лице од село Косел, а подоцна на улица „Цар Самоил“, двајцата пријавени го пресретнале истото лице и физички го нападнале, удирајќи го со раце и нозе по телото, при што му нанеле тешка телесна повреда.
OhridNews