Против измамникот, кој летово, на интернет страните објавувал оглас за издавање на стан во Охрид, е поднесена кривична пријава од страна на ПС Ресен. Се работи за 19-годишниот М.Д од село Росоман, кој се товари за сторено кривично дело „измама“.

На заинтересирани лица за закуп на наводен стан во Охрид, им давал трансакциона сметка за уплата на аванс, со што се стекнал со против правна корист од 27.500 денари. Оштетените граѓани, случајот го пријавиле во полиција, откако не ја добиле услугата за сместување, соопшти полицијата.

OhridNews