Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „приредување на игри на среќа без лиценца од надлежен орган“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 30-годишно лице од Струга, информираат од СВР Охрид. Истиот, неовластено и спротивно на одредбите од Законот за игри на среќа, во објект во селото Делогожда протиправно организирал игри на среќа.

На 27.12.2017 година по изготвен план од страна на криминалистичката полиција и инспектори од УЈП, извршени се контроли по објекти во кои се приредуваат игри на среќа и во посочениот објект во селото, затекнат е пријавениот како приредува игри на среќа, но без да поседува потребни документи и лиценца.

OhridNews