Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 25-годишно лице од Охрид.

На десетти овој месец, околу 00.50 часот пред угостителски објект на улица „Коста Абраш” во Охрид, пријавениот, под дејство на алкохол, со нож им се заканувал на гостите. Во обид да го спречи во заканите и да му го одземе ножот, 43-годишно лице од Охрид се здобило со повреда во пределот на раката.

Стефан Димовски – портпарол на СВР Охрид