СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

При претрес извршен по судска наредба во неговата куќа во охридското село Сирула, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 2 ловни и 1 пневматска пушка кои, пријавениот ги поседувал без соодветна дозвола. При тоа, одземено е и оружје за кое пријавениот поседувал соодветна дозвола, информираат од СВР Охрид.

OhridNews