СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32 годишен охриѓанец и против правен субјект со седиште во Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Пријавениот, во својство на сопственик и управител на правниот субјект, неовластено, на плажа на брегот на Охридското Eзеро, зазел површина од околу 70 метри квадратни, што со закон е определена како површина за општа употреба и противправно, без одобрение издадено од надлежен орган од општина Охрид, поставил 26 лежалки и 15 чадори за сонце, информираат од СВР Охрид.
OhridNews












