СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
При претрес во неговиот дом, извршен на 15.03.2022 година, полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден пиштол „Browning“ калибар 7,65 милиметри и 40 куршуми што нелегално ги поседувал, информираат од СВР Охрид.
OhridNews












