Кривична пријава за охриѓанец кој напишал коментар со недолична содржина на Фејсбук.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на 30.10.2021 година, за време пред изборниот процес, на објавен текст на електронски медиум, од својот Фејсбук профил напишал коментар со недолична содржина со што, поттикнал омраза насочена кон одредена група, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

OhridNews