58-годишен охриѓанец „заработи“ кривична пријава, како што наведуваат од МВР, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “затајување“. Пријавениот на 10-ти август, годинава, од трансакциската сметка на Сојуз на спортови – Охрид, со која што бил задолжен од страна на Управниот одбор на сојузот, неовластено подигнал и присвоил 24.000 денари.
Со тоа, пријавениот го оштетил Сојузот на спортови–Охрид за износ од 24.000 денари.
OhridNews












