СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42- годишен охришанец за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Во јуни 2012 година, во Охрид на ул. „Спас Банџов“, бил извршен претрес при што биле пронајдени четири корени од растението канабис сатива, кои пријавениот во текот на мај ги посадил и ги одгледувал.

OhridNews