Поради постоење основи на сомнение за сторени „тешки дела против општата сигурност“ СВР Охрид  поднесе кривична пријава против 58- годишен охриѓанец.

На 18-ти март оваа година, пријавениот во атарот на селата Арбиново, Лактиње и Годивје, со запалка самоволно опожарил тревна површина по што за кратко време огнот се проширил на околната шума. Притоа, пријавениот предизвикал значителна имотна штета и опожарување на 25.000 метри квадратни дабова и борова шума кај селото Арбиново, околу 30.000 метри површина сува трева и шума кај селото Лактиње, како и опожарување на околу 10.000 метри квадратни млада шума и сува трева во атарот на селото Годивје.

Пријавениот казненото дело го сторил додека го напасувал своето стадо со кози. Откако запалил стрништа и посадени садници бил забележан од страна на ловочувар. Пријавениот се обидел да ја фрли запалката со која го предизвикал опожарувањето.

OhridNews