СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29- годишен охриѓанец , за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 3- ти јули годинава, во комплексот „Св. Наум“ , настанала вербална расправија помеѓу пријавениот и 43 годишно лице од Битола, а потоа и тепачка во која пријавениот на оштетениот му нанел тешка телесна повреда-скршеница во пределот на лицето.

OhridNews